526
Во претходните 24 часа, 49 лица починаа од последиците на коронавирус во Србија, така што вкупниот број на смртни случаи за време на епидемијата се зголеми на 2.482, објавено е денес на веб-страницата covid19.rs.
Регистрирани се 5.353 нови случаи на инфекција, додека тестирани се 18.484 лица.
На респиратор се 333 пациенти, а 9.443 се хоспитализирани.
Стапката на смртност е 0,88 отсто.