Њујоршката полиција ќе започне да ги вакцинира своите службеници за помалку од две недели, и сè ќе биде на доброволна основа, пренесува „Њујорк пост“.
Полицијата ќе направи три места за вакцинација во градот, а на полицијата ќе и биде понудена вакцината „Модерна“, почнувајќи од 29 декември, додава „Њујорк пост“, повикувајќи се на своите наоди.
Претставниците на редот се во првата група граѓани за вакцинација во Њујорк, а обезбедени се повеќе од 500.000 дози.
Дермот Шеа, началник на полицијата, изјавил дека вакцинацијата ќе биде на доброволна основа, „слична на вакцинацијата против сезонски грип“.
Здружението „Полициска добронамерна асоцијација“ во Њујорк неодамна се спротивстави на идејата вакцинацијата да биде задолжителна, а извор близок до весникот вели дека полицијата е многу внимателна во врска со вакцината.
Коронавирусот е главната причина за смртта меѓу претставниците на редот годинава, се заклучува текстот во американскиот весник.