Гол за историја: Алиоски со првенец за Лидс во Премиер лигата (видео)

од Nikola Popovski
426 прегледи

Тимот на Лидс после три месеци победи дома на „Еланд Роуд“ во Премиер лигата, откако вечерва го прегазија Њукасл со 5:2, а  нашиот репрезентативец Езџан Алиоски одигра цел натпревар и го постигна четвртиот гол по една брза контра на домашниот тим.

По натпреварот на профилот на англискиот клуб на твитер се појави фотографија од Алиоски и Харисон со натпис „Гордост! Страст! Овој тим“.

Пред голот на Алиоски, последен македонски погодок во најсилната англиска лига беше дело на Ѓорѓи Христов. Легендарниот голгетер беше последен македонски стрелец на еден гол во Премиер лигата во 1998-ма година, а судбината посака 22 години подоцна, Алиоски да постигне гол на истиот терен

Слични содржини