На денешната прес конференција посветена на 100 дена Влада, Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски даде свој отчет за сработеното во изминатиот 100 дневен мандат.
На новинарско прашање на кој начин се бираат извршувачите на функции, алудирајќи на позицијата за директор на КПУ Идизово која му припадна на Филип Андов, инаку според информациите сторител на неколку кривични дела, Спасовски вели:
„Ова именување не е во функција на Министерството за внатрешни работи, и сите овие прашања треба да ги упатите на адреса на Владата“.
Спасовски меѓудругото и одговори што се случи со остатокот од дрогата која беше барана во Арачиново, со оглед на тоа дека истата не беше пронајдена во целост.
„Истрагата се уште трае. Јас дадов ветување, дека во моментот кога ќе заврши истрагата ќе ги споделиме информациите со јавноста“, истакна Спасовски.