Снежна олуја во САД, издадено предупредување за 14 земји

од Stefanija Kuzmanovska
265 прегледи

Силна снежна бура го погоди североистокот на Соединетите држави, а предупредувања за бура беа издадени во 14 земји, каде што живеат над 60 милиони луѓе.

Снежна покривка висока 60 сантиметри се очекува во делови на Пенсилванија и Њујорк.

Националната метеоролошка служба предупреди на „опасни и невозможни услови за патување и изолирани прекини во снабдувањето со електрична енергија“ во најтешко погодените области, објави Би-Би-Си.

Две лица загинаа во верижен судир на десетици автомобили во центарот на Пенсилванија.

Официјални лица изјавија дека невремето не се очекува да ја наруши дистрибуцијата на вакцините против ковид 19, што започна во понеделникот (14-ти декември).

Метеоролозите очекуваат големи врнежи од снег од источна Пенсилванија до планините Катскил во државата Њујорк. Во некои области се очекува повеќе снег отколку што имаше во текот на целата мината зима.

Слични содржини