364
Пејачот Роби Вилијамс откри дека за малку ќе умрел од труење со жива откако изел премногу риба. Тој стана веган во 2017 година, а неодамна повторно започнал да конзумира риба и месни производи во својата исхрана.
Сепак, на неодамнешната медицинска проверка дознал дека има труење со жива поради прекумерна конзумација на морска храна, пренесуваат светските медиуми.
„Јадев риба двапати на ден и завршив со најголемото труење со жива што некогаш го видел докторот“, изјавил Роби за „Радио Х“.
Тој заминал на контрола по предлог на неговата сопруга.
„Жена ми е голема паничарка и постојано ме тера да правам анализа. Но, фала му на Бога, жив сум благодарение на тоа. Можев да умрам од труење со жива и арсен“, рекол тој.