„Напорите на бугарската страна отсекогаш биле и продолжуваат да бидат насочени кон постигнување дијалог и разбирање за решавање на билатералните прашања со Република Северна Македонија, но за оваа цел тоа мора да го посакаат и спроведат двете страни“, велат од бугарската влада , пренесува БГНЕС.
„Премиерот Бојко Борисов и германската канцеларка Ангела Меркел, како и нивните тимови, вршат редовна комуникација на сите теми од заеднички интерес“, соопшти Советот на министри.
„И премиерот Борисов и канцеларката Меркел се заинтересирани да најдат решение за ова прашање. Напорите на бугарската страна отсекогаш биле и продолжуваат да бидат насочени кон постигнување дијалог и разбирање за решавање на билатералните прашања со Република Северна Македонија, но за оваа цел тоа мора да го посакаат и спроведат двете страни. Бугарија исполнува целосно разбирање за овие напори на нејзините партнери во ЕУ “, нагласи бугарската влада.