Д-р Бабачиќ: „Локдаунот“ за нас е скапа мерка, во оваа пандемија како и да свртите некој губи

од Берта Китинска
278 прегледи

Во последнава две недели гледаме опаѓање на репродуктивниот број, пикот на инфекцијата е поминат и она сега што го гледаме е пикот на активни случаи. Оваа ситуација е сама по себе пик кој е стабилен и кој е претворен едно плато кое може да е стабилно или може  пака да се зголеми ако сега повторно не се почитуваат мерките и се организираат прослави, вели Д-р Харис Бабчиќ, од Каролински институт во Шведска,во ТВ Анализа.

Во однос на смртните случаи  Бабчиќ, вели дека смртноста не може да се предвиди, а од голем ризик се луѓето кои имаат одредени болести.

-Смртните случаи не можат да се предвидат, јас претпоставувам дека во наредниот период не може да имаме повеќе од 50 лица дневно. Ризикот за смртност е забележителен кај лицата кои страдаат од други заболувања, вели

Во однос на  целосен карантин тој вели дека тоа ќе значи на пораст на другите хронични болести како и депресија.

„Локдаун“ е скапа мерка за да се соочиме со неа, потребни се мерки за функционирање на општеството во оваа пандемија како и да свртите некој губи, вели Бабчиќ

Слични содржини