Годината што завршуваше беше обележана со глобалната пандемија, а посебен удар за љубителите на фудбалот ширум планетата беше смртта на Диего Армандо Марадона. Сепак, имаше и потези кои неверојатно потсетуваат на славниот Аргентинец.
Едно такво дело е голот на Сон Хјунг-Мин, Јужнокореецот во дресот на Тотенхем.
Тотенхем го пречека Барнли на 7 декември, а по неполни десет минути имаше недостаток од два гола. И тогаш во 32-та минута, Сон дојде до топката на висината на казнениот простор на неговиот тим и започна соло-пробив. Затоа немаше дилема, наградата „Пушкаш“ годинава отиде кај играчот на лондонскиот тим.
The 𝗪𝗜𝗡𝗡𝗘𝗥 of the #Puskas Award 2020…
🔥 𝗛𝗘𝗨𝗡𝗚-𝗠𝗜𝗡 𝗦𝗢𝗡 🔥#FIFAFootballAwards ⚪️ #TheBest pic.twitter.com/3hOpgUSE9h
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) December 17, 2020