Италијанската полиција ја разреши мистеријата за распарчените човечки тела кои беа пронајдени во четири куфери во поле во близина на Фиренца, пишуваат тамошните медиуми.
Станува збор за албанската брачна двојка Шептим и Тетута Пашо, кои исчезнаа без трага во 2015 година.
Албанскиот пар не живеел во Италија, туку биле во посета на синот и ќерката кои живеат во Фиренца.
Според нивната ќерка, мајката во ноември 2015 година се јавила од непознат телефонски број и рекла дека повеќе нема да се јавува на никој и оттогаш тие изгубиле секаква трага.
Во тоа време, синот на двојката издржувал казна во затвор во близина на местото каде беа пронајдени нивните распарчени тела.