Комичарката и водителка Елен Деџенерис, која минатата недела доби позитивен резултат на коронавирус, преку социјалните мрежи ги информираше фановите за нејзината здравствена состојба, наведувајќи дека има силни болки во грбот.
„Здраво на сите, само сакам да им се заблагодарам на сите за добрите желби. Јас навистина го ценам тоа. Се чувствувам навистина добро“, го започна своето обраќање Деџенерис и откри дека е изненадена од нејзиниот позитивен тест.
„Едно нешто што нема да ви кажат дека ќе добиете е силна болка во грбот“, вели водителката, додавајќи дека не знаела дека тоа е симптом на коронавирус.
Комичарката ја откри својата дијагноза минатиот четврток споделувајќи изјава на социјалните мрежи во која се наведува дека имала позитивен тест на коронавирус.