ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски е на услуга на Бугарија и дава изјави без обзир за принципите и вистината

од Nikola Popovski
172 прегледи

Опозициска ВМРО-ДПМНЕ излезе со реакција на вечерашното интервју на претседателот Стево Пендаровски, во која велат дека Стево Пендаровски го ословувал бугарскиот премиер Бојко Борисов со „љубави”, но освен додворување конкретна корист за државата не виделе.

„Претседателот на државата призна дека дава изјави такви со какви им угодува и ги задоволува желбите на Софија на сопствена штета за државата, како таа дека херојот Гоце Делчев бил Бугарин. Со други зборови освен на Заев, Стево Пендаровски е на услуга на Бугарија кој дава изјави без обзир за принципите и вистината, и без обзир за македонските државни интереси. Пендаровски покажа дека е продолжена рака и слуга на штетните политики на Заев, и неговата улога се сведува да ги оправдува и надградyва неговите предавнички политики“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, ако договорот кој Заев го склучил бил ист како оној кој е преговаран од Костов и Љубчо, вели ВМРО-ДПМНЕ, зошто тогаш не бил склучен договорот кој денес го постигна Заев?

„Одговорот е зошто ниту една влада, вклучително и тие на СДСМ порано не преземаа обврски со еден таков штетен договор. Ветото од Бугарија е последица на штетниот договор на Заев, со што ја отвори паднорината кутија која денес го обезличува идентитетот на Македонците и државата. Пендаровски не даде одговор како и што понатаму со државата откако неговиот шеф Заев ја втурна земјава во слепа улица. Ако нон пејперот кој Заев го понуди на Бугарија е технички, тогаш зошто воопшто се понудил документот или пак причината зошто се крие е зошто со тој документ Заев самоволно се откажува од македонското малцинство, историјата, јазикот. Ваквото безидејно интервју покажува дека со ставовите на Заев и Пендаровски единствено среќни би биле бугарските власти“, стои во партиското соопштение.