Бугарското МНР: Потпишувањето на анекс не може да ги реши отворените прашања со Македонија

од Nikola Popovski
642 прегледи

„Интересот на Бугарија не е да го одложи процесот на пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ. Во интерес на Бугарија е конечно да се решат отворените прашања во односите со Република Северна Македонија и успешно да се продолжи со процесот на интеграција на сите земји од Западен Балкан. Ние не добиваме никакво задоволство од позицијата што Скопје не принуди да ја заземеме, откако со децении Бугарија ја обезбеди сета можна поддршка за нашите браќа од другата страна на границата“, велат од Бугарското министерство за надворешни работи.

Според нив, со ставот што го зазеде Бугарија во рамките на Советот на ЕУ, нивната земја го одложила усвојувањето на рамката за преговори за Република Северна Македонија со цел да се вклучи јасно, обврзувачко и следливо барање за Република Северна Македонија за спроведување на Договорот за добрососедство со Бугарија.

„Во претстојниот период, Бугарија ќе продолжи со своите напори да им ги објасни на нашите партнери, бугарските проблеми во врска со Република Северна Македонија. Очекуваме реален пристап на солидарност и разбирање од следното претседателство. Би било неразумно да очекуваме дека бугарската позиција ќе се промени. Оваа позиција е предмет на надпартиски консензус и 84% јавна поддршка. Да не заборавиме колку бугарски граѓани се наследници на бегалци од Вардарска Македонија. Според Министерството за правда, 88.450 граѓани на Република Северна Македонија, исто така, имаат бугарско државјанство. Ниту една бугарска влада не може да ги предаде овие луѓе“,соопштуваат од бугарското МНР.

На прашањето поставено од „Труд.бг“, дали ќе инсистираат на анекс на Договорот за добрососедство, Министерството објави дека потпишувањето на анекс или друг документ не може само по себе да ги реши отворените прашања во односите.

„Веќе постои Договор за соседство во 2017 година ратификуван од обете страни и доставен до ООН, што Република С. Македонија не го спроведува. Ништо не ни дава причина да веруваме дека друг потпишан документ ќе ја промени оваа практика на неисполнување на меѓународните обврски. Токму поради оваа причина, Бугарија инсистира на вклучување на специфични, следливи и обврзувачки услови за ова во рамката за преговори на С. Македонија“, стои во соопштението.

Слични содржини