Наместо смирување, Чешка размислува за следното: Граѓаните треба да подготват

207 прегледи

Чешката влада утре ќе размислува за преминување на највисокиот степен на опасност од епидемијата, со што би било овозможено ограничување на движењето и затворање на неесенцијалните продавници, изјави министерот за внатрешни работи, Јан Хамчек.

Според неговите зборови, ќе се разгледува за преминување од четврти на петти, највисок степен од епидемиолошка закана, што би овозможило излегувањето од дома да биде дозволено само за итни потреби.

„Епидемиолошката ситуација во Чешка станува полоша и мораме на тоа да одговориме. Ќе постојат рестрикции и веројатно ќе бидат заострени“, истакна Хамчек.

Во Чешка од петокот се затворени музеите, фитнес центрите, спортските објекти и теретаните, а рестораните можат да продаваат храна само преку шалтер.

Во таа земја досега се заразени 618.836 лица, а 10.271 лица го загубија живтот.

Слични содржини