Пола Скопје без струја поради дефект на 110-киловолтна трафостаница

од Vladimir Zorba
306 прегледи

Поради дефект на 110-киловолтна трафостаница „Запад“, без електрична енергија вечерва останаа жителите на Кондово, Сарај, Ѓорче Петров, Тафталиџе и Карпош.

Од ЕВН Македонија соопштија дека екипи на Електродистрибуција веднаш излегле на терен за да го санираат дефектот.

Половина Скопје вечерва остана без струја откако жители од различни делови на градот јавуваат дека снемале струја неколку минути пред 18 часот.

Вклучувањето на струјата нема да биде едновремено кај сите корисници оти се прави од различни точки.

Слични содржини