Амбасадорите на земјите од Европската унија утре во Брисел ќе одржат состанок за ново ограничување на движењето поради појава на новиот вид коронавирус во Велика Британија.
Неколку земји на ЕУ – Австрија, Белгија, Франција, Германија, Ирска, Италија и Холандија – најавија дека ќе ги прекинат воздушните врски, а некои од нив и железничките и поморските врски со Велика Британија.
Одлуката е донесена откако британскиот премиер Борис Џонсон воведе карантин во Лондон и дел од Англија во саботата по појавата на тој вирус.
Неименуван официјален претставник на ЕУ рече дека амбасадорите, меѓу другото, ќе размислат за воведување мерки како што се PCR-тестови за патници кои доаѓаат од Велика Британија.