Експерти: Вакцината е ефикасна и против новиот вид на коронавирус

од Vladimir Zorba
195 прегледи

Експерти од Европската унија (ЕУ) дојдоа до заклучок дека сегашните вакцини против Ковид-19 се исто така ефикасни за новиот вид на вирусот што се појави во Велика Британија, објави германската влада.

„Според она што во моментов го знаеме, дури и по разговорите спроведени од експерти од ЕУ, новиот вид на коронавирус нема никакво влијание врз вакцините, кои остануваат ефикасни“, рече германскиот министер за здравство Јенс Шпан, чија земја е претседавач на ЕУ до крајот на годината.

Тој особено зборуваше за ефикасноста на вакцината Фајзер / Бајонтек, која веќе се користи во неколку земји.

Мутацијата на вирусот е откриена во Велика Британија, а многу европски земји реагираа со прекинување на летовите од таа земја, меѓу нив Италија, Австрија, Белгија, Холандија, Хрватска, Германија и Франција.

Светската здравствена организација (СЗО) ги повика своите членки во Европа да ја „зајакнат контролата“ поради појавата на новиот вид коронавирус во Велика Британија.

Лондон објави дека новиот вид се шири 70% побрзо од претходниот.

Девет случаи се пријавени во Данска, по еден во Холандија и еден во Австралија, според податоците на СЗО.