Угостители: Единствено неповратна финансиска помош може да ни ги „сошие раните“

од Vladimir Zorba
443 прегледи

Ковид кризата во земјава, а и на глобално ниво најмногу го погоди туристичко-угосителскиот сектор. Имено, во последниот период и со оглед на последно донесените заклучоци на Владата по предлог на Комисијата за заразни болести, се развија голем број дискусии кои ја разбранија јавноста.

Угостителите сплотени во рамки на Независната угостителска комора, како и оние сопственици кои индивидуално се застапуваа, во разговор за „Локално“ споделија што мислат по ова и низата други прашања кои се наметнуваат во јавноста.

Запрашани НУК и сопствениците на три скопски локали кои сакаа да останат анонимни, дали се задоволни од мерките кои ќе важат за време на претстојните празници, посочуваат дека далеку од тоа дека било кој угостител би можел да се осмели да каже дека е задоволен од последните рестриктивни мерки за работа во пресрет на пред-новогодинешните престојни прослави и празници.

„Целосниот локдаун кој можеби кој би бил пропратен со соодветна финансиска поѝмош и поддршка ќе беше многу подобро и посоодветно решение за јавното здравје и угостителската индустраја. Новото работно време е повеќе залажување и измачување него ли сериозност во работењето. И не само угостителите туку и гостите што ги посетуваат угостителскит објекти не се е задоволни и не ја одобруваат мерката на кратење на работното време. Ненадоместива е штетата на угостителската индустрија од социјален, материјален и финаниски аспект што угостителите ќе ја претрпат без разликата дали и колку Владата ќе помогне со нови директни мерки за финансиска поддршка на угостителите“, се вели во изјавата на НУК.

Сопствениците на скопските локали велат исто така, дека не ја искористиле финансиската помош, со оглед на тоа дека во првиот бран своевремено беше истакнато дека бескаматните кредити сепак ќе треба да се вратат во истиот период до година, па оттаму како и да претчувствувале дека до тогаш нема да бидат моќни да одговорат на тој предизвик. На ова се надоврзаа и оценија дека мерките и сетовите на финансиска помош се чиста фарса и приказна која и се продава на јавноста, а од друга страна довело до отпуштања на работници и зголемување на бројот на невработеноста во целокупната економска гранка.

Од НУК по однос на ова прашање велат дека финансиската помош која Владата ја додели за поддршка на економијата во време на пандемијата Ковид-19 беше генерална за целокупната економија искажана преку бескаматни кредити и субвенција за плати. Поради условите за користење само мал дел од угостителите ја успеале да ја користат оваа помош и поддршка.

Сите знаеме дека ригирозните мерки пропратени со разни ограничувања и забрани кај луѓето предизвикуваат обратен ефект поголема потреба од истите и барање начини како до тоа да се стигне.

Најсоодветен начин на рехабилитација е поголема и поедукативна агресивна кампања за подигање на јавната свест и соочувањето со новото секојдневие во условите на владеење на пандемијата Ковид-19 и дека со малку внимание на нашите постапки и ускратување на дел вообичаените навики може да ни се овозможи и понатаму да го живееме нормално животот. Рехабилитацијата е процес низ кој ќе треба да наредниот период да поминеме за да ги вратиме навиките на живот од времето пред пандемијата Ковид-19, велат од НУК.

Со независната угостителска комора разговаравме и за нивното барање упатено до Владата, да бидат обесштетени, поради како што велат загубите кои груби ги пресметаа од 18 до 22 милиони евра. Од таму велат дека Владата донела непотребни и неоправдани селективни мерки со кои го ограничиле работењето исклучиво на угостителските објекти. НУК посочува и дека помошта би била правична само доколку им се понуди неповратна финансиска помош , во рамки на ослободување или одложување на плаќањето на обврските кои се наменети кон државата, или пак, како што велат со намалување на даночната политика која ги опфаќа секако и угостителите.

По однос на ова прашање согласни се и сопствениците на локали кои додаваат дека тие не се ослободени ниту од своите месечни давачки по однос на кирија за објектите. Со оние кои разговаравме ни кажаа дека истите се движат од 800 до 2500 евра, што во ова време е далеку од како што велат, секој здрав разум.

Сопствениците како и НУК на прашањето дали размислуваат за целосно затворање на угостителските објекти, велат дека е повеќе од јасно дека ќе помине време кога ќе „зараснат раните“ за угостителството. До тогаш, моќните можеби и би можеле да опстанат, но оние за кои угостителството е предизвик и љубов пред се, ќе се изборат тешко со оваа болка.

„Месечната ситуација поради која од ден во ден наместо угостителите да се враќаат во целосна функција со угостителските објекти размислуваат за иднината и економската исплативост на овој бизнис. Запаѓањето во секојдневни нови се поголеми долгови и обврски, неможноста да се подмират на време трошоците кои секојдневно ги има, одредени угостителите не само што ги тера да ги затворат времено своите локали, туку ги приморува да размислуваат за трајно и целосно нивно затворање за што полека сме секојдневно сведоци дека тоа се случува.
Сите оние угостители што нема да можат наредните 3 месеци да ги издржат притисоците на обврските и неможноста на работењето верувам дека повеќе пати ќе размислат за иднината на своето работење пред да одлучат да ги затворат своите локали.“, велат од НУК.

Сопствениците на скопските локали велат дека протоколите и целокупниот процес си го направи своето. Од таму велат велат дека се приморани за евтина цена да го нудат својот квалитет и комфорт на гостите, со цел да ги задржат и опстанат во овој бизнис сектор. Имено, доколку не би биле ниски цените, оценуваат дека не би имале средства да исплатат ниту една келнерска дневница на дневно ниво.

Што се однесува до рехабилитацијата и инструментите вметнати во истиот процес, НУК оценва дека и 2021. Година ќе биде тешка за нив.
Насобраните обврски како што велат, по разни основи, обврските кон добаувачи, континуираното одлагање и премостување на тековниоте трошоци, големите загуби се работи за кој ќе биде потребен многу поголем период за рехабилитација од 2021 година. Загубите, трошоците, обврските за субвенции и кредитити ќе треба да се платат и вратат. Сите решенија и финансиска поддршка што се направени се од краткорочен карактер.

За да можат угостителите да го стабилизираат своето работење ќе бидат потребни финансиски мерки во вид на неповратна помош, како и среднорочни и долгорочни државни или банкарски кредитни поддршки со ниски каматни стапки пропратени со соодветни грејс периоди од 6 месеци до 1 година со кои угостителите би ги репрограмирале сите обврски кои ќе произлезат од тековното работење како би можеле да ги стабилизираат и нормализираат својот опстанок.

По однос на прашањето за состанок во Владата, НУК вели дека не биле повикани, по што се огласиле со допис до Владата, од каде побарале јавна средба истовремено отворена за медиумите, со цел како што велат да дознаат зошто во континуитет се носат селективни и дискриминирачки мерки само кон угостителската индустрија. Истовремено, согласни се и НУК и сопствениците на локалите дека време е јавно да се покаже кои се последиците и доколку истите не бидат пропратени со соодветна финансиска неповратна помош и поддршка.

Заклучокот би бил следен, угосителството полека умира, но од друга страна на глобално ниво, властите се борат пред се за здравјето на граѓаните, иако се поставува прашањето дали навистина угостителите се „етикетирани“ со селективни одлуки, по однос на фактот дека спортските обложувалици и казината остануваат отворени, а истите во првиот бран идентично како и угостителите беа оценети како потенцијални кластери.

Локдаун велат не е решение, а од друга страна угостителите и тоа како доживуваат локдаун. Локдаун за околу 180 илјади вработени во овој сектор, локдаун за објектите, локдаун за социјализацијата и се останато.

А.В.

Слични содржини