Избраниот американски претседател Џо Бајден денеска треба да ја прими вакцината против коронавирус, јавуваат светските медиуми.
Бајден (78) соопштил дека не сака да го прескокне редот за вакцината, туку да му покаже на американскиот народ дека е безбедно да се вакцинира.
Телевизија ќе пренесува во живо како Бајден ја прима првата доза на вакцината против коронавирус.