294
Според неофицијалните податоци, во Хрватска во последните 24 часа биле регистрирани помалку од 800 новозаболени лица, а 23 лица починале во болницата Дубрава.
Во изминатите 24 часа, во Хрватска биле тестирани 4600 примероци, а позитивни биле 760. Од вкупниот број тестирани, 16,6% биле позитивни. Според неофицијалните податоци објавени од Н1, во болницата Дубрава починале 23 лица.
Од националниот кризен штаб објавиле ќе одржи редовна прес-конференција во 11 часот. Заради споредба, минатиот понеделник, во Хрватска биле регистрирани 1472 нови случаи на инфекција со коронавирус, а 65 лица починале, пишува Јутарњи лист.
Вчера во Хрватска биле регистрирани нови 1975 случаи на инфекција со коронавирус, а 76 лица починале.