Првиот човек од Балканот, кој ја прими руската вакцина, стекна целосен имунитет (видео)

од Nikola Popovski
300 прегледи

Црногорскиот лекар и раководител на Одделот за патологија на Универзитетот Сеченов во Москва, д-р Сергеј Бољевиќ, вели дека по двете дози на руската вакцина против коронавирус – Спутник V, добил целосен имунитет.

Докторот, за кој се претпоставува дека е првиот човек со потекло од Балканот кој ја примил руската вакцина, вели дека првата доза на Спутник V, ја примил на 11 ноември, а втората на 2 декември.

Кога станува збор за руската вакцина, потребни се, како што изјави др. Бољевиќ, две дози на вакцината.

Втората се прима 21 ден по првата и, како што појаснува, се стекнува целосен имунитет.

„На овој ден, добив целосен имунитет и можете да ми честитате“, рекол Бољевиќ.

Тој наведува дека по двете дози немал никакви несакани ефекти. Тој исто така посочува дека некои луѓе регистрирале благи несакани ефекти, но како што додава, тие поминуваат за неколку дена, пренесува Радио телевизија Црна Гора.

Слични содржини