Тајван: Прв локален случај со корона по повеќе од 250 дена

од Nikola Popovski
173 прегледи

Тајванската влада денес објави дека го регистрирале првиот локално пренесен случај со корона од 12 април, пред повеќе од 250 дена.

Лицето кое е позитивно на ковид 19 е пријател на лице за кое веќе е потврдено дека има инфекција со коронавирус, изјави министерот за здравство Чен Ших-Лунг.

Тајванските медиуми објавија дека се регистрирани три увезени случаи и еден локално пренесен случај со корона. Се верува дека локалниот случај е поврзан со „кластерот на аеродромот“, односно случаите на пилоти кои се заразиле во странство и го донеле вирусот во земјата.

Здравствените власти соопштија дека откриле 167 контакти на нов локален случај и ги повикаа луѓето да се придржуваат до епидемиолошките мерки.

Тајван пријавил само 771 случај на коронавирус од почетокот на пандемијата.

Слични содржини