Поранешниот голман и капитен на Реал Мадрид, Икер Касилјас е новиот заменик извршен директор на Фондацијата на шпанскиот клуб.
Како што беше објавено денес на веб-страницата на клубот, Касилјас е легенда на Реал Мадрид и ги претставува вредностите на клубот и е најдобриот голман во историјата на клубот.
Касилјас има освоено 19 трофеи на „Сантијаго Бернабеу“ за 25 години – три Лиги на шампиони, пет титули во Примера дивизион, два Кралски купа, три Светски клупски шампионати, два европски Суперкупа и четири Суперкупа на Шпанија.
Comunicado Oficial: Iker Casillas#RealMadrid
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) December 22, 2020
Играјќи за Порто, од 2015 година, тој има освоено две титули во првенството и еден Куп и еден Суперкуп на Португалија.
Тој одигра 167 натпревари за репрезентацијата на Шпанија, го освои Светското првенство во 2010 година, две Европски првенства во 2008 и 2012 година и Светското првенство за играчи до 20 години во 1999 година.
„Неговата спортска кариера и човечки квалитети беа признати преку престижни награди како што се Принцот од Астурија, две кралски награди за заслуги во спортот и златен медал од градот Мадрид. Чест е за Реал Мадрид да го прими дома еден од најголемите капитени”, се вели во соопштението. .
Касилјас (39) ја заврши својата кариера на почетокот на август. Тој доживеа срцев удар во мај минатата година и оттогаш не играше.