„Владата да креира нови политики што ќе значат заштита на граѓаните, на стопанството, но и одржливост на системот, додека стопанствениците да го прилагодат бизнисот, да направат пренамена, да бидат иновативни со цел тој да биде функционален, да носи профит, но и да ги зачува сите вработени. Прилагодувањето на новите услови на пазарот е клучно за одржување на стабилен систем и заштита на сие работници. Кога зборуваме за ефектите од КОВИД-19 не може да не споменам дека начинот на кој се прилагодивме во работниот процес изминатиов период, не принуди нас како Министерство за труд и социјална политика поинаку да размислуваме и во делот на законската регулатива која се однесува на работните односи. Новиот системски закон за работни односи ќе ги инкорпорира искуствата стекнати во услови на пандемија со КОВИД-19, како што е работа од дома, флексибилно работно време.“- рече Шахпаска
Шахпаска: Обезбедивме гарантирана минимална помош за граѓаните и стопанството
346
„Социјалната реформа која Владата ја донесе во 2019 година овозможи ранливите категории на граѓани да бидат поимуни на предизвиците кои ги донесе пандемијата. Зголемувањето на социјалната помош, сега дефинирана како гарантирана минимална помош, за 300 проценти им овозможи полесно да го пребродат периодот на кризата. Но, истовремено брзо дејствувавме и го олеснивме пристапот до таа гарантирана помош со цел да бидат опфатени лицата на кои им престанал работниот однос во време на пандемијата. Оваа гарантирана помош беше изгалсана и од пратениците во парламентот“- рече министерката Јагода Шахпаска на конференцијата „Социо- економското влијание на ковид 19“, организирана од УНИЦЕФ и Finance Think.
Таа дополни дека Владата е во постојано креирање нови политики со цел полесно да се надмине здравствената и економската криза.