Над 4000 новозаразени и речиси 50 починати од Ковид-19 во Србија

од Nikola Popovski
153 прегледи

Во последните 24 часа биле тестирани 16.022 лица во Србија, од кои 4.080 се новозаразени, објави тамошното Министерство за здравство.

Според информациите, 49 лица починале, а 313 пациенти се приклучени на апарати за дишење.

За потсетување, вчера биле тестирани 13.590 лица, а од нив 3.685 биле позитивни на вирусот корона, додека 47 лица починале. Според вчерашниот пресек во билансот, во болниците низ Србија имало 314 пациенти приклучени на апарати за дишење.

Слични содржини