351
Иги Поп штотуку ја објави новата химна за пандемијата на коронавирус наречена Dirty Little Virus.
Тој ја напишал песната заедно со Леран Томас, а текстот на песната е доста метафоричен и совршено го прикажува коронавирусот како таков.
Иги Поп сподели и кратко, едноминутно видео, во кое зборуваше за текстот на песната.
„За мене беше важно да напишам добар текст, не нешто премногу емотивно или длабоко, само нешто директно – како новинари“, рече тој.
Песната можете да ја чуете во продолжение.