Бројот на новозаразени со коронавирусот во Велика Британија се зголеми за 36.804, според официјалните податоци.
Тоа е зголемување во споредба со претходниот ден, кога беа регистрирани 33.364 нови случаи, објави Ројтерс.
Вкупниот број на лица заразени со Ковид-19 е 2.110.314, објави порталот „Ворлдметерс“.
Во изминатите 24 часа починаа 691 лице од коронавирус.
Бројот на смртни случаи исто така се зголеми во споредба со вчера, кога беше 215.
Вкупниот број на смртни случаи од коронавирус во Велика Британија е 68.307.