Водечкиот американски експерт за заразни болести, д-р Ентони Фаучи, ја прими првата доза од најновата вакцина против Ковид-19, во пренос во живо, со што го следеше примерот на актуелниот потпретседател на САД, Мајк Пенс, и новоизбраниот претседател Џо Бајден.
Фауци ја прими вакцината заедно со други здравствени работници, кои го надгледуваа нејзиниот развој.
Фаучи беше вакциниран во Националниот институт за здравство (НИХ), каде што работи како директор за алергии и заразни болести, во предградиена Вашингтон. Тој ја прими вакцината, што заеднички ја развија НИХ и американската фармацевтска компанија „Модерна“, која беше одобрена за употреба во итни случаи минатата недела.
Потоа им изјави на новинарите дека е исклучително да се прими вакцината помалку од една година откако беше откриен вирусот, за кој е направена вакцината.
„Она што сега го гледаме е кулминација на долгогодишното истражување што доведе до феномен што е навистина невиден“, рече Фаучи.
Вакцинацијата е дел од поширокиот напор на владата за зајакнување на јавната доверба во безбедноста на две вакцини против Ковид, што Агенцијата за храна и лекови неодамна одобри за употреба во итни случаи.
Со вакцината на Модерна и слични развиени од Фајзер и Бајонтек, САД се обидуваат да ја забрзаат најголемата кампања за вакцинација во својата историја со цел да се надмине пандемијата на коронавирус, во која најмалку 320 000 луѓе починаа само во земјата.
Двете вакцини обезбедуваат силна заштита и се развиени помалку од една година откако се појави вирусот, и се сметаат за победа на науката, која е изградена врз основа на долгогодишно истражување финансирано од НИХ.