За пример: Премиерката на Шкотска ги прекрши мерките и јавно се извини

од Nikola Popovski
310 прегледи

Шкотската премиерка Никола Старџен се извини откако ги прекрши мерките за борба против коронавирусот, откако ја тргнала маската по еден погреб.

„Ја тргнав маската некое време. Тоа беше глупава грешка и навистина жалам“, рекла премиерката.

На фотографијата објавена од шкотскиот „Сон“ се гледа како Старџен разговара со три жени во едно кафуле, држејќи се на дистанца, но без маска.

Епидемиолошките мерки во Шкотска го прават задолжително носењето на маска во затворено, освен на маса, а  исто така маската мора да се носи додека гостите се движат.

Старџен присуствувала на погребот на владин службеник, пренесува Гардијан.

„Кратко ја тргнац маската. Тоа беше глупава грешка и навистина ми е жал“, рекла премиерката.

Таа додала дека секој ден размислува за важноста од носење маска и затоа сака да се извини.

„Згрешив и се извинувам“, истакнала Старџен.

Слични содржини