Бугарија дозволи летови од Велика Британија од денес во 10:00 часот со цел да им помогне на Бугарите кои сакаат да се вратат дома, се наведува во соопштението на бугарската влада.
Ова било одлучено на работната средба со премиерот Бојко Борисов, на која присуствувале вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева, министерот за здравство Костадин Ангелов и министерот за транспорт, информатичка технологија и комуникации Росен Желјазков, соопшти владината прес-служба.
Патниците кои доаѓаат од Велика Британија ќе бидат тестирани за вирусот корона и ќе треба да го почитуваат карантинот од 10 дена по пристигнувањето, изјави бугарската влада, пренесуваат бугарски медиуми.
Бугарија ги затвори своите воздушни, копнени и поморски граници за британските патници доцна во неделата, во обид да спречи ширењето на новиот вид на коронавирус.