Биковиќ: Заработувам толку многу во Русија, за да не морам да работам во Србија

од Nikola Popovski
333 прегледи

Актерот Милош Биковиќ неодамна беше заразен со коронавирус, а сега во утринската програма на телевизијата „Прва“ зборуваше за тоа, но и за својата кариера, која ја гради на два фронта – во Русија и Србија.

Актерот го прележа коронавирусот и за среќа, имаше поблаги симптоми.

„Сè уште се чувствувам уморен, вирусот е невообичаен. Но, тој засега не остави поголеми последици“, рекол Биковиќ во споменатата емисија.

Биковиќ неодамна беше избран за најпопуларен актер во Русија, а сега ја коментираше и новата титула што ја доби.

„Ми кажува дека ова е некаков контакт што го остварив со руската публика. Популарноста не е секогаш мерка за квалитет, но зборува за некаков контакт со публиката, што очигледно е успешно во овој случај, и се надевам дека ќе можам да го искористам тоа. Популарноста не е занемарлива, актерот треба да биде популарен, но да го искористи тоа за да испрати порака, да испрати порака додека истовремено му е забавно на гледачот“, бил искрен актерот.

Милош Биковиќ во емисијата откри и што може да го иритира.

„Ме нервира примитивизмот, непрофесионалноста, грубоста, лагата, изневерувањето. Како можам да се борам против недостатоците на другите луѓе, не можам да го сторам тоа, јас се борам против моите“, рекол Милош, проследено со прашањето на водителката за тоа што смета за неговите маани, и изјавата дека неговите обожаватели мислат дека не постојат.

„Имам маани, едноставно не доаѓам на телевизија да зборувам за своите маани, има место за тоа, но секако дека ги имам“, одговорил Биковиќ во свој стил и со смеа.

Актерот Милош Биковиќ со години успешно ја гради својата кариера во Русија и Србија.

„Во Русија се чувствувам како да сум во друга куќа, но се враќам во Србија да работам затоа што ме привлекува да работам во мојата земја. Јас пораснав во оваа култура и сакам да работам во мојата земја. Патем, од некои други причини, дури и финансиски, немам потреба од тоа. Можам да работам само во Русија затоа што има поголем пазар. Но, сакам да работам и во Србија “, објаснил актерот.

Слични содржини