„Спутник V“ досега ја примиле 31.000 волонтери

од Vladimir Zorba
149 прегледи

Руското Министерство за здравство објави дека го прекинало приемот на нови волонтери за главните тестови на вакцината „Спунтник V“, пренесува Ројтерс.

Министерството соопшти дека повеќе од 31.000 доброволци веќе биле вакцинирани како дел од студијата што се одвивала во Москва, од кои една четвртина добиле плацебо.

Александар Гинзбург, директор на рускиот истражувачки центар „Гамалеј“, претходно денес изјави дека Министерството за здравство дозволило промена на форматот на тестовите за пост-регистрација на вакцината „Спутник V“, така што на волонтерите повеќе нема да им се дава плацебо, туку само вистинската вакцина, бидејќи веќе се покажа како безбедна.

Тој исто така рече дека се дистрибуирани приближно 440.000 од првите вакцини „Спутник V“ за вакцинирање на граѓаните и дека наскоро ќе бидат достапни уште 200.000.

Вакцината „Спутник V“, произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеј“, беше регистрирана во Русија на 11 август, со што стана прва регистрирана вакцина против коронавирусот во светот.

Слични содржини