Путин откри како ќе се одвиваат односите меѓу САД и Русија во иднина

од Stefanija Kuzmanovska
195 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин не смета дека на Русија ќе ѝ биде потешко со промената на раководството во САД и доаѓањето на Џозеф Бајден на власт.

– Сега да осврнеме на промената на раководството во САД и на тоа дека ќе биде потешко за нас. Не мислам така, ќе биде како и обично. Не треба да се водиме од тоа, треба да разбереме каде имаме некои потешкотии, закани, особено да предвидиме однапред и да ја организираме нашата работа во економијата на соодветен начин, во сферата на зголемување на нашата одбранбена способност – рече рускиот лидер.

Путин денес одржува заеднички состанок на Државниот совет и Советот за стратешки развој и национални проекти.