Здравствени придобивки од јаболката: Кои аспекти од нашето здравје можат да ги подобрат?

од Stefanija Kuzmanovska
564 прегледи

Иако истражувањата покажуваат дека конзумирањето повеќе јаболка всушност не може да биде поврзано со помалку посети на лекар, додавањето на јаболка во вашата исхрана може да подобри неколку аспекти на вашето здравје.

Здравствени придобивки:

Тие се многу хранливи
Јаболката се поврзани со голем број придобивки кои можат да помогнат во подобрување на долгорочно здравје. Тие се полни со важни хранливи состојки, вклучувајќи влакна, витамини, минерали и антиоксиданти. Меѓу другото, тие содржат витамин Ц, кој посебно делува како антиоксиданс за неутрализирање на штетните соединенија познати како слободни радикали и штити од болести. Тие се исто така одличен извор на антиоксиданти како кверцетин, кофеинска киселина и епикатехин.

Тие го одржуваат срцето здраво
Студиите покажуваат дека конзумирањето повеќе јаболка може да биде поврзано со помал ризик од неколку хронични состојби, вклучувајќи срцеви заболувања. Всушност, едно истражување спроведено на над 20.000 возрасни лица открило дека консумирањето поголеми количини овошје и зеленчук, вклучувајќи јаболка, е поврзано со помал ризик од мозочен удар. Ова може да се должи на присуството на флавоноиди кои се наоѓаат во јаболката, а тоа се соединенија за кои е докажано дека го намалуваат воспалението и го штитат здравјето на срцето. Јаболката се исто така полни со растворливи влакна, што може да помогнат во намалување на крвниот притисок и нивото на холестерол.

Содржат соединенија кои помагаат во борбата против ракот
Јаболката содржат неколку соединенија кои можат да помогнат во спречување на карцином, вклучувајќи антиоксиданти и флавоноиди. Според еден преглед на 41 студија, конзумацијата на поголеми количини јаболка е поврзана со намален ризик од развој на рак на белите дробови. Друга студија разгледа слични наоди и заклучи дека конзумирањето повеќе јаболка е поврзано со помал ризик од рак на дебелото црево.

Други истражувања сугерираат дека диетата богата со овошје и зеленчук може да заштити од рак на желудникот, дебелото црево, белите дробови, усната шуплина и хранопроводот. Сепак, потребно е повеќе истражување за да се проценат потенцијалните антиканцерогени ефекти на јаболката и да се утврди дали може да бидат вклучени други фактори.

Други здравствени придобивки
Јаболката се исто така поврзани со неколку други здравствени придобивки кои можат да ви помогнат да избегнете одење кај лекарите. Различни студии покажаа дека јаболката поддржува губење на тежината, го подобрува здравјето на коските, ја стимулира функцијата на мозокот, го намалува ризикот од астма и го намалува ризикот од дијабетес.

Слични содржини