Вакцинација во Хрватска на 27 декември

од Stefanija Kuzmanovska
438 прегледи

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во средата објави дека вакцинирањето против коронавирус во Хрватска ќе започне на 27 декември, како и во другите земји на ЕУ и дека досега се обезбедени 5.905.000 дози, со цел да се вакцинираат најмалку 70% од граѓаните. Првите количини на вакцината ќе се користат за вакцинирање на здравствени работници кои ќе стапат во контакт со болни пациенти и кои се изложени на ризик од заразување со корона, како и за вработените и корисниците на домовите за стари лица, а потоа во втората фаза се постарите и хроничните пациенти.

Вакцината ќе биде бесплатна и ќе се вакцинира на доброволна основа, а Планот за вакцинација, усвоен од Владата денес, предвидува таа да се одвива во сите окрузи истовремено, рече премиерот.

Пристигнувањето на вакцините влева надеж за нормализирање на животот во текот на следната година, рече премиерот, додавајќи дека до крајот на март во Хрватска се очекуваат 270.000 дози вакцини.

Слични содржини