„Дали ние како држава сме изградени со квалитет во училиштата на ниво на Финска, Германија итн?“, прашува промоторот на Македонски концепт, Петар Богојески по промовирањето на новиот концепт за образование од страна на министерката Мила Царовска.
„Министерката вели „учениците ќе можат да избираат меѓу предмети како програмирање, сликање или цртање, сексуално образование, фотографија, танцување, готвење, фудбал, кошарка, пинг-понг, планинарење, јога и слично…“
Па еве ја прашувам: Дали училиштата во Македонија се современо опремени со сите реквизити, односно техничка опрема за следење на овие изборни предмети/ помагала за истражување/ библиотека/ компјутери и опрема за спортски активности кога имаме уличишта кои се распаѓаат, особено во руралните средини)?
Што со децата од руралните средини? Како тие ќе следат ваков тип на настава?
Дали нашите училишта ќе обезбедат бесплатни оброци за децата да можат да останат во училиште по 5 до 7 часа без гладување и да бидат психофизички спремни за следење на ваков тип на настава. И кога велам оброк мислам на топол оброк, а не празни кроасанчиња или тоа што ние како родители ќе им го овозможиме?!
Потребен ни е долгорочен концепт за развој на образованието, донесен со општествен консензус, кој ќе биде еднаш за секогаш даден, без можност да се менува со промена на власта, туку сите Влади во иднина да работат на негова имплементација!“, вели Богојески.