Родители фрлиле колекција од списанија и филмови за возрасни на својот син, не им останал должен

од Stefanija Kuzmanovska
335 прегледи

Маж кој со години собирал списанија и филмови за возрасни, одлучил да ги тужи своите родители откако тие му ја фрлиле целата колекција, која, според него, вредела вистинско мало богатство.

Дејвид Векинг (42) од Мичиген одлучил привремено да се врати кај своите родители по разводот, што било погубно за неговата колекција на содржини за возрасни.

Имено, неговите родители немале слух за неговиот колекционерски дух, па фрлиле сè во ѓубре. Шокиран од тој факт, тој ги тужел и победил на суд, па затоа сега може да бара отштета. Како што рече, неговата колекција вредела околу 25.000 долари.

Судот во Мичиген пресуди во негова корист, иако на судењето родителите кажале дека во неколку наврати му рекле да не ја носи својата колекција во нивниот дом.

Сепак, судот утврди дека тие, ниту како родители ниту како сопственици, немаат право да допираат нешто што му припаѓа на нивниот син.

Слични содржини