Министерот за здравство Венко Филипче преку својот Фејсбук повторно повика новогодишните празници дел од нас ќе ги поминеме со најблиските.
-Новогодишните празници дел од нас ќе ги поминеме со најблиските, но голем дел од здравствените работници и овие празници ќе ги поминат на работа, грижејќи се за пациентите. Во наредните денови, преку почитување на мерките да им се заблагодариме за целата снага и сила која ја даваат во спасувањето на човечки животи. Да бидеме одговорни, да не се групираме и да посакаме што побрзо да бидат со нивното семејство. Упатувам голема благодарност до американската амбасада за несебичната поддршка која ни ја даваат во справувањето со ковид-19. Заеднички ќе излеземе како победници од оваа здравствена криза, напиша Филипче.
Новогодишните празници дел од нас ќе ги поминеме со најблиските, но голем дел од здравствените работници и овие празници…
Posted by Венко Филипче on Friday, 25 December 2020