Короната однесе уште 84 животи во Хрватска

од Vladimir Zorba
173 прегледи

Во изминатите 24 часа од последиците на коронавирусот во Хрватска починаа 84 лица, додека од 6.164 тестирани се регистрирани 1.643 нови случаи на заразени, соопшти денеска Штабот за цивилна заштита.

Бројот на активни случаи во Хрватска е 13.881, меѓу нив 2.662 пациенти на болничко лекување и 280 пациенти на респиратори.

Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај на заразен во Хрватска, регистрирани се вкупно 203.962 лица со коронавирус, од кои 3.548 починале, а 186.553 лица се опоравиле, од кои 3.001 во изминатите 24 часа.

Во моментов има 45.275 лица во самоизолација. До денес се тестирани вкупно 989.014 лица.

Слични содржини