323
Благодарам на сите за испратените желби за побрзо закрепнување. Болеста не е воопшто за занемарување и битката што се води не е нималку лесна, се надевам дека ова секому му е јасно, напиша вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски на својот Фејсбук профил кој е позитивен на коронавирусот.
„Благодарам и на мојот тим кој напорно работи на сите активности и зацртани цели, информирајќи ме константно за секој превземен чекор.Наскоро ќе се вратам на редовните обврски и теренски активности, а дотогаш испраќам поддршка до сите други кои се борат со вирусот.Деновите кои доаѓаат се убави и празнични, но ве молам да празнуваме одговорно и да заштитиме и спасиме што повеќе луѓе“, напиша Николовски.