Шекеринска за Каракачанов: Борисов би се срамел од неговата изјава

од Nikola Popovski
311 прегледи

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ја оцени контроверзната изјава на бугарскиот вицепремиер, Красимир Каракачанов за донацијата на вакцини, како само балканска во негативна смисла.

„Јас претпоставувам дека и неговиот премиер би се засрамил од оваа изјава. Таа не е изјава, ниту на сојузништво, ниту на пријателство. Имало луѓе во Бугарија кои печалеле и пари, како што видовме од бугарските пасоши во Северна Македонија, ама во случајов ќе зборуваме за печалењето политички поени, кое сме го виделе и во минатото и кое обично не завршува сјајно. Ама ако на прашање на вакцина и на здравје некој се труди да печали вакви поени тоа повеќе зборува за него, отколку за сите други“, вели Шекеринска во интервју за ТВ Клан Македонија.

Шекеринска додава дека С. Македонија засега и нема понудено на соседна Бугарија, да го штити македонското небо покрај Грција, како земја сојузничка во НАТО.

Вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија во интервју за бугарска телевизија вели не помагале на соседи, туку на сонародници.

„Тука не станува збор за соседи, туку за сонародници. И не само во Македонија, туку и западните покраини во Украина и Молдавија каде има бугарски заедници. На крајот на краиштата Бугарија е држава на сите Бугари. Ние имаме сонародници кои живеат во државите надвор од ЕУ. Тие се бугарски граѓани. Тие можат и треба да се вакцинираат. Кога ние ги признаваме за Бугари треба да им дадеме можност да им се помогне, се разбира ако сакаат, тоа е доброволно“, рече Каракачанов.

 

Слични содржини