Град Скопје: Избрани најдобрите трговски објекти во градот за 2020

од Nikola Popovski
476 прегледи

Избрани се најдобрите трговски објекти во Скопје, во повеќе дејности, во рамките на традиционалната манифестација „Месец на трговијата 2020″, која годинава се организира по 14–ти пат.

Како што информираат од Град Скопје, овој проект се организираше во периодот од 1 ноември до 30 ноември 2020 година. Тајните купувачи по направената евалуација изготвија извештаи кои се изработени според примарните критериуми, кои оваа година поради пандемијата беа дополнети со нови критериуми.

– Помеѓу критериумите беа: изглед на продажното место, прв контакт, COVID – 19 критериуми, услуга кон купувачите, продажни вештини, нудење дополнителни производи, и завршен контакт, велаат од Град Скопје

Оваа година, поради пандемијата со ковид-19 вирусот изборот на најдобар трговски објект е организиран поинаку, и денеска, раководителот на Секторот за Локален економски развој на Град Скопје, Марко Тодоров, на претставниците на најдобрите трговски објекти плакетите им ги додели плакетите на отворено пред бараките на Град Скопје.

Категориите според кои што беа наградувани трговските објекти се: „Апарати за домаќинство, бела техника и сѐ за дома”, „Модни додатоци и накит”, „Компјутерска, аудио – видео и телекомуникациска опрема”, категорија „Парфимерии и козметика”, „Салони за мебел”, „Супермаркети”, „Бутици” и категорија „Домаќинство”.

збрани се најдобрите три трговски објекти во повеќе дејности, кои ќе добијат признанија за својот квалитет и престиж, и тоа во следните дејности:
Категорија „Апарати за домаќинство, бела техника и се за дома“
1. Сетек
2. Техномаркет
3. Нептун
Категорија „Модни додатоци и накит“
1. SWAROVSKI
2. Miss Spice
3. Tesoro
Категорија „Компјутерска, аудио – видео и телекомуникациска опрема“
1. Телекомпродавница
2. ANHOCH PC Market
3. I Style
Категорија „Парфимерии и козметика“
1. L’ OCCITANE
2. Ри – Ма
3. MAC cosmetics
Категорија „Салони за мебел“
1. Кристина Дамил
2. Југоекспорт Стил
3. Акрон
Категорија „Супермаркети“
1. Рамстор
2. Рептил
3. Гранап
Категорија „Бутици“
1. KOTON
2. Springfield
3. Sara fashion
Категорија „Домаќинство“
1. Coin Casa
2. LUSSO
3. VICKO
Вкупниот резултат остварен од сите трговски објекти кои се испитуваа оваа година е повисок во споредба со вкупниот резултат остварен во 2019 година. И покрај дополнителните стандарди кои беа мерени оваа година и вонредните услови за работа во време на пандемија, трговците успеаја да го подигнат нивото на квалитет на услуга.

Слични содржини