Иванов: Македонските медиуми полека почнуваат да го белат образот

од Nikola Popovski
318 прегледи

„Ме загрижува како се однесуваат медиумите, најдобар индикатор се факултетите по новинарство каде што речиси нема студенти. Тоа се должи пред сè на тоа дека медиумите долго време беа под окупација. Новинарите беа префрлувани од медиум во медиум, без никаков конкурс, туку преку „препорака“, истакна Зоран Иванов на конференцијата на ЦИВИЛ, „Перспективи 2021“.

 

Тој вели дека странските донации во истражувачките медиуми ја задржаа силата и сликата на седмата, односно четвртата сила. Македонските медиуми полека почнуваат да го белат образот и покрај тоа што платите се ниски во медиумите, буквално на сите.

„Мислам дека не функционира координацијата внатре во медиумите, репортер, уредник, директот, сопственик… Кај нас сè уште има медиуми кои мудро манипулираат. И секое медиумско објавување има некое „ама“…

Нема елементарен професионален стандард, нема редење на фактите што е многу битно. Публиката веќе почна да распознава кој пласира вистинити информации, а кој пласира лаги, благодарение на дигиталните медиуми.

Новинарите сами одлучуваат кога ќе станат од сабајле дали ќе бидат во корист на некои центри на моќ или на вистината.

Веќе јас не чекам на телевизија да видам што се случува, веќе се информирам од социјалните мрежи и електронските медиуми, па дури и индивидуалец ако напише нешто на Фејсбук стига до мене“, вели Иванов.

Тој вели дека проверка на фактите остануваат како предизвик за електронските медиуми, бидејќи мора да се провери информацијата пред да се објави.

„Брзината ја изгубија меѓутоа веродостојноста и автентичноста остана во мејнстрим медиумите. Меѓутоа ако и електронските медиуми пласираат само вистинити вести тогаш веќе станува релевантен фактор. Граѓаните веруваат на новинарите кои имаат кредибилитет.

Државата, медиумите и невладините вложија средства за борба против лажните вести, особено со детектирање на ширачите и авторите на лажни вести.

Слични содржини