Северина во прекрасно божиќно издание

од Stefanija Kuzmanovska
406 прегледи

Северина на Инстаграм им откри на своите обожаватели дека Божиќ го поминува во најубавото друштво, со својот син Александар.

-Синоќа кога легнавме да спиеме, тој само прошепоте: „Ти си најдобрата мајка на светот“… Среќен Божиќ на сите- напиша таа.

Таа сподели и мал пакет фотографии на кои носи навистина убава комбинација на облека. ДизајнерскоТО дуо eNVy room, зад кое стојат Никица Иванчевиќ и Вљеко Франетовиќ, е одговорно за бајкавиот фустан од црвена свила.

Под фустанот се криеја потпетиците со потписот на Валентино. Моделот d’Orsay со украсна машна некогаш беше многу популарен меѓу славните дами. Актерката Ева Лонгорија во шоуто на Крег Фергусон носеше сатенски црвен модел налик на тој на Северина.

Слични содржини