Вечерва премиерот Зоран Заев за емисијата „Само вистина“ одговори на прашањето дали некогаш пробал џоинт, а истиот одговор после тоа го објави на социјалната мрежа Твитер.
„Не сум пробал џоинт, но за да се залагате за некоја кауза не мора да имате личен бенефит од тоа“, објави Заев.
Не сум пробал џоинт, но за да се залагате за некоја кауза не мора да имате личен бенефит од тоа. Јас во исто време сум Македонец, ама се залагам за правата на Албанците. Јас сум стрејт, а се залагам за правата на ЛГБТИ. Не сум сиромашен ама се залагам за правата на сиромашните.
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) December 25, 2020
Тој исто така додаде дека во исто време е Македонец, ама се залага за правата на Албанците.
„Јас сум стрејт, а се залагам за правата на ЛГБТИ. Не сум сиромашен ама се залагам за правата на сиромашните“, истакна премиерот.
На прашање на водителот дали би пробал, тој исто така возврати со прашање дали тој би пробал марихуана, на што водилтелот Гоце Михајлоски кажа дека во животот треба се да се проба.