250
„Лично сум за декриминализација на канабисот за лична употреба. Го поддржувам процесот“, изјави министерот Венко Филипче за емисијата „360 степени“ на Ал сат ТВ .
Тој соопшти дека во рамки на ингеренциите на МЗ согласно Законот за опојни дроги е издавање лиценци за одгледување на канабис за медицински цели.
„Досега се издадени 60 лиценци на компании, што направиле сериозна инвестиција. Тоа што правиме е модификација во делот на извозот на цветот, кој што сега сосема добро е регулиран, како се лиценцира, како се произведува, се со цел да цветот биде извезен од нашата земја, а не само маслото“, истакна Филипче.