СДСМ: Обиди за убиство врз пратеници и новинари за Мицкоски е виц и хумор

од Vladimir Zorba
219 прегледи

„Христијан Мицкоски останува единствен на браникот на криминалот, единствен кој застана зад неговиот ментор криминалецот во бегство Никола Груевски. Насилството од 27-ми април Мицкоски го сведе на хумор. Обиди за убиство врз пратеници и новинари за него е виц и хумор“, соопштуваат утрово од СДСМ.

„Тоа е Христијан Мицкоски, секогаш на браникот на насилството, деструкцијата и криминалот, а никогаш на страната на граѓаните.

Поради ваквото негово деструктивно однесување, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ шест пати се поразени од граѓаните

Мицкоски треба да знае дека ова е уште еден пораз за него. Не успеа да го одбрани насилството, одговорност за сите за насилството на 27-ми април мора да има и ќе има, вклучително и за организаторите.

Граѓаните на Мицкоски јасно му порачаа дека се на страната на иднина, а тој е единствениот кој останува на страната на криминалот, деструкцијата и насилството и затоа уште долго ќе биде опозиција“, велат од партијата на власт.