Кон: Ние лекарите сме против секаков вид на организирање дочек, болниците се полни

од Stefanija Kuzmanovska
538 прегледи

Протестот значи дека сме подготвени јасно да покажеме дека сме против секаков вид на организирање дочек бидејќи тоа само може да ја влоши ситуацијата. Особено сега кога нашите болници се полни. Ние од Кризниот штаб мораме да бидеме јасни и велам дека сме против каков било дочек“, рече денес српскиот епидемиолог Предраг Кон.

Тој за телевизијата  Нова изјави дека ако зборуваме за овој викенд, медицинскиот дел од Кризниот штаб бил против отворање на трговски центри.

– Но, од друга страна, ако се следат мерките кога одат во трговски центри да купуваат подароци, може да има помалку инфекции. Исто така, ако трговските центри треба да работат, мора да се почитуваат мерките, да има чувари … Истото важи и за угостителските објекти – рече епидемиологот, а потоа испрати јасна порака:

„Нема преговори за тоа што го реков, Кризниот штаб е јасен. Дури и бројот на заразени лица да биде преполовен, тоа не би било доволно. Позицијата на медицинскиот дел на Кризниот штаб е јасна и нема шанси таа позиција да се промени до понеделник”.

Кон зборуваше и за дочекот, кој е за неколку дена:

– Во никој случај не треба да има организиран дочек! Драго ми е што сите мои колеги стојат зад тоа. Нема никакви разлики. Станува збор и за економски фактори, но ние како лекари не можеме да гледаме на тоа. Можам само да кажам дека бевме против ова работно време до 20 часот овој викенд, но сигурно има помалку ризик сега отколку подоцна. И драго ми е што се изборивме и за ова – објасни тој.

Слични содржини