„Исчезнаа огласите за групни прослави по викендици за Нова Година откако започнавме со апели и проверки преку Секторот за превенција при МВР“, сподели на својот Фејсбук профил министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
„Полициското присуство секогаш било засилено околу Нова Година и другите празници во текот на јануари затоа што е важно да се одржи јавниот ред и мир, а тоа го покажува ланскиот мал број пријави и инциденти.
Имаме посебен оперативен план за ноќта на 31 декември, како и за утредента на први јануари, затоа апелирам за совесно прославување, без големи групирања и загрозување на јавното здравје, ако некој директно го загрозува здравјето на граѓаните ќе мора да си сноси одговорност“, додава тој.