Жители на Кочани на протест против „Пејпер мил“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
275 прегледи

Жителите на Кочани на граѓански протест пред фабриката за хартија „Пејпер Мил“денеска испратија последна предупредувачка порака до, како што велат, најголемиот загадувач во градот.

Граѓаните побараа од надлежните затворање на фабриката „Пејпер Мил“ се додека не почне да користи поеколошко гориво и да работи согласно прописите.

Како што истакнаа, по направените две мерења утврдено е дека најголемиот загадувач е токму фабриката која и покрај сугерирањето на надлежните да работи на метан, не ги почитува насоките.

Револтираните жители на Кочани предупредија дека ова е последен мирен протест и доколку продолжи игнорантскиот однос на институциите и менаџерскиот тим на „Пејпер Мил“, протестите ќе се радикализираат со блокирање на работата на фабриката.

Слични содржини